Mustafa Keleş
03 Септември 2017•Ажурирај: 03 Септември 2017
ЊУЈОРК (АА) - Американската астронаутка Пеги Витсон (57) по 288 дена поминати во вселената, заедно со колегите со капсулата „Сојуз“ се врати во земјата и слета во Казахстан, јавува Anadolu Agency (AA).
Витсон се врати заедно со американскиот астронаут Џек Фишер и рускиот космонаут Фјодор Јурчихин.
Витсон заедно со последната мисија од речиси десет месеци во вселената помина вкупно 665 дена и собори неколку рекорди. Имено, таа стана првата Американка и првата жена која помина најдолго време во вселената.
Јуричихин во пет мисии во вселената помина вкупно 673 дена, и е седми со најдолго поминато време во вселената, додека Витсон е осма.
Витсон воедно е и најстарата жена која има отпатувано во вселената, и жена која има најмногу мисии. За првпат на мисија Витсон замина во 2002 година.
Најдолго време во вселената има поминато рускиот космонаут Генадиј Падалка и тоа 879 дена.