Alma Çekovic
27 Март 2017•Ажурирај: 28 Март 2017
БРИЗБЕЈН (AA) - Повеќе од 3.500 жители се евакуирани поради циклонот со брзина на ветерот од 240 километри на час, кој се приближува на брегот на сојузната австралиска држава Квинсленд, во северна Австралија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Се очекува циклонот „Деби“ да премине во четврта категорија, со брзина на ветрот до 260 километри на час кога од Пацификот ќе премине на брегот, утре наутро по локално време.
Некои жители одбија да ги напуштат своите домови, и покрај предупредувањата за силните ветрови, јавува „Би-би-си“.
Премиерката на државата Квинсленд, Анастасија Палаше, ги предупреди жителите да се подготват за најлошото невреме што ја има погодено оваа земја по циклонот Јаси во 2011 година, којшто уништи илјадници куќи и голем број земјоделски култури.
„Можноста за евакуација драстично се намалува. Побарав сите да ги послушаат властите. Јас го направив тоа, морате и вие. Станува збор за вашата безбедност, безбедноста на вашето семејство и на вашите деца“, рече Палаше.