Ömer Yetkin Acar
27 Март 2017•Ажурирај: 27 Март 2017
САО ПАОЛО (АА) - Организирајќи се преку социјалните мрежи, стотици лица во Бразил се собраа во знак на поддршка на операциите против корупцијата во земјата и протестираа против политичарите во Бразил, јавува Anadolu Agency (AA).
Демонстрантите кои се собраа на улицата „Паулиста“ во Сао Паоло, од една страна ја дадоа својата поддршка за операциите против корупцијата, а од друга страна протестираа против затворената листа на изборниот систем за која се дебатирало во Парламентот и околу воведувањето на привилегирана постапка кон одредени јавни авторитети.
Стотици Бразилци се собраа на плажата Копакабана во Рио де Жанеиро, извикувајќи слогани против политичарите во земјата.
Откако во март 2016 година, 13 милиони лица излегоа на улиците во Бразил во знак на протест против корупцијата во земјата, поранешната претседателка на државата, Дилма Русев, беше разрешена од функцијата на период од 6 месеци, а во август беше отстранета од функцијата претседател на Бразил. Откако и имињата на голем број министри и директори од администрацијата на Мишел Темер кој ја замени Русев, беа вмешани во операциите против корупцијата, народот повторно излезе на улиците.
Додека сѐ уште се во тек операциите против корупцијата во земјата, осудени се голем број политичари и бизнисмени откако на виделина излезе дека државната нафтена компанија „Петробрас“ и признати градежни компании во Бразил, на политичарите им дале поткуп од 2 милијарди долари. Корупцијата беше причина за падот на поранешната претседателка на Бразил, Дилма Русев од власта, а сега му се заканува и на претседателот Мишел Темер.