Ekipa
27 Март 2017•Ажурирај: 28 Март 2017
ВАШИНГТОН (АА) - Иванка Трамп планира да патува во Германија, каде што ќе присуствува на Самитот за економско јакнење на жените, јавува Anadolu Agency (AA).
Ќерката на американскиот претседател Доналд Трамп е поканета од страна на германската канцеларка Ангела Меркел за време на нејзината неодамнешната посета на Белата куќа, потврди официјален претставник на американската администрација, кој остана анонимен.
Самитот W20 ќе биде одржан кон крајот на април, во Берлин.
Меркел и Иванка Трамп разговараа за време на посетата на германската канцеларка на Белата куќа, каде што Меркел се состана со американскиот претседател. На барање на германските официјални претставници, првата ќерка на Америка помогна во договарањето на средбата со американските и германските деловни лидери.
Претходно Иванка Трамп учествуваше во организацијата на состанокот за економските развојни услови за жени за време на посетата на канадскиот премиер Џастин Трудо во САД.
Иванка ја сметаат за нова надеж на американската администрација. Таа доби канцеларија во западното крило на Белата куќа, безбедносен пристап и пристап до владините електронски уреди, иако официјално не е вработена во Владата на САД.