Zehra Ulucak
31 Декември 2019•Ажурирај: 01 Јануари 2020
ПЕРТ (АА) – Во Австралија, илјадници луѓе избегаа во приморските подрачја за да побараат прибежиште поради пожарите што ја зафатија шумската област, а повремено се ширеа и во населените места, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Околу 4.000 луѓе се засолнија на бреговите, пристаништата и чамците поради пожарот кој се приближи до населбите во крајбрежниот град Малакота, во Викторија.
Премиерот на сојузната држава Викторија, Даниел Ендрјус, рече дека планира луѓето блокирани во областа да ги евакуираат по морски пат.
Ендрјус, истакнувајќи дека нема информации за 4 лица од регионот, рече: „Не можеме да потврдиме каде се наоѓаат тие.“
Властите информираа дека поради зголемената температура и влијанието на ветерот пожарите во државите Викторија и Нов Јужен Велс се прошириле.
Според веста на „Би-би-си“, властите соопштија дека во градот Корбарго во државата Нов Јужен Велс пронајдени се 2 мртви тела и дека бројот на лицата што го загубиле животот поради пожарите се искачил на 12.
Од пожарите во Нов Јужен Велс околу 5 милиони хектари површина е изгорена, а исто така уништени се над 1.000 домови.