наука и технологија

Научниците откриле фосили од најголемиот вид диносаурус што живеел во Австралија

- Австралиски научници соопштија дека откриле фосили од најголемиот вид диносаурус што живеел на тоа подрачје, кој спаѓа и меѓу најголемите видови диносауруси на светот

Barış Kahraman  | 08.06.2021 - Обновена : 08.06.2021
Научниците откриле фосили од најголемиот вид диносаурус што живеел во Австралија

АНКАРА

Австралиски научници соопштија дека откриле фосили од најголемиот вид диносаурус што живеел на тоа подрачје, кој спаѓа и меѓу најголемите видови диносауруси на светот, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Истражувачите од Музејот на природна историја „Ероманга“ и на Музејот „Квинсленд“ повеќе од деценија спроведуваа анализа на коските на диносаурусите откриени 2007 година во сливот Ероманга, лоциран во внатрешноста на Австралија.

Користејќи ја технологија на 3Д проекција за да ги испитаат огромните коски, истражувачите повеќе од 10 години ги споредувале коските со примероците откриени во други делови на земјата.

Како резултат на истражувањето, откриено е дека коските се од најголемиот диносаурус во Австралија, кој потекнува од видот титаносаурија.

Се проценува дека диносаурусот бил висок 6,5 метри и имал должина од 30 метри. Тој е именуван како „Australotitan cooperensis“ по реката Купер, што се влева во сливот каде што се откриени коските.

Научниците забележале дека диносаурусот, кој бил со висина на двокатна зграда, е меѓу 15-те најголеми видови диносауруси откриени досега во светот.

Се наведува дека видот, за кој се проценува дека дошол во Австралија за време на геолошкиот период креда, живеел во регионот пред повеќе од 90 милиони години.

Познато е дека диносаурусите од видот титаносаурија, чии фосили се пронајдени на сите континенти, освен на Антарктикот, се едни од најголемите копнени животни. Тие се еквивалентни на големината на денешните китови.

Диносаурусите од видот титаносаурија се познати по долгиот врат и опашката, како и по навиката да јадат трева.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.