Fuat Kabakcı
11 Јуни 2021•Ажурирај: 17 Јуни 2021
АНКАРА (АА) - Кина лансира четири сателити во вселената, меѓу кои и сателити за набљудување на животната средина, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според вестите на кинеските медиуми, сателитите за откривање од далечина и набљудување на животната средина „Пекинг-3“, „Хајси-2“ и „Јангванг-1“, како и експерименталниот сателит „Тиенсиен“ се лансирани со ракетата „Лонг марч -2Д“ од Центарот за лансирање на сателити во Тајуен.
Се истакнува дека ракетите „Пекинг-3“ и „Јангванг-1“ се развиени од страна на две комерцијални компании, додека сателитот „Хајси-2“ е развиен од страна на Универзитетот во Шиамин.
Според соопштеното, овие сателити ќе бидат користени за истражување на природни ресурси, набљудување на животната средина, урбанистичко планирање и управување, борба против природни катастрофи, како и следење на екологијата на крајбрежните зони.
Ова лансирање е 373. мисија реализирана со ракетите „Лонг марч“.