наука и технологија

Кина успешно лансира ракета со тројца астронаути до вселенската станица

Астронаутите Ние Хаишенг, Лиу Боминг и Танг Хонгбо ќе поминат три месеци на станицата Тиангонг

Islam Uddin  | 17.06.2021 - Обновена : 21.06.2021
Кина успешно лансира ракета со тројца астронаути до вселенската станица

АНКАРА (АА) - Кина денеска успешно лансира ракета со тројца астронаути во вселената, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Вселенското летало со екипаж „Шенжу-12“ беше лансирано од Центарот за лансирање сателити „Џиукан“ во пустината Гоби во југозападната кинеска област Гансу, објави дневниот весник „Глобал тајмс“.

Астронаутите Ние Хаишенг, Лиу Боминг и Танг Хонгбо ќе поминат три месеци на станицата Тиангонг.

Триото беше избрано од првата и втората група на астронаути во Кина. Тие ќе извршуваат задачи, вклучително поправка и одржување, вклучување апарати и научи операции поврзани со носивоста за време на нивниот престој.

Ова е првпат по речиси пет години Кина да испраќа астронаути во вселената. Ова е прва екипажна мисија за летање и третиот дел од 11 мисии за вселенски лансирања во фазата на изградба на вселенската станица.

Во април, Кина го лансира основниот модул за вселенската станица во форма на Т, која ќе се заврши до следната година.

На успешното лансирање на модулот на 29 април, кинескиот претседател Си Ѓипинг рече дека изградбата на кинеската вселенска станица влегла во фаза на целосна имплементација, поставувајќи солидна основа за следните задачи.

Вселенската станица има животен век од 10 години, но со соодветно одржување и поправки може да го продолжи својот животен век на повеќе од 15 години.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.