Abdullah Aşıran
12 Март 2017•Ажурирај: 13 Март 2017
РОТЕРДАМ (АА) - При интервенцијата на холандската полиција против турските демонстранти кои чекаа пред турскиот конзулат во Ротердам повредени се најмалку седум лица, јавува Anadolu Agency (AA).
По откажаниот лет на турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, и по задржувањето на министерката за семејство и социјални работи Фатма Бетул Сајан Каја пред Конзулатот на Турција во Ротердам беа одржани демонстрации, во кои, според податоците на холандската полиција приведени се најмалку 12 лица, а повредени најмалку седум лица.
Сепак, очевидци тврдат дека бројот на повредени е многу поголем.
Портпаролката на холандската полицијата Патриша Веселс, рече дека овие лица се приведени бидејќи не ги почитувале наредбите на полицијата.
Веселс тврди дека демонстрантите фрлале камења врз конзулатот. Таа додаде дека е скршена раката на еден полицаец.
Турската министерка за семејство и социјална политика Фатма Бетул Сајан Каја е вратена синоќа од Холандија во придружба на полицијата кон германската граница, по речиси петчасовно чекање пред конзулатот во Ротердам, а насобраните граѓани кои ѝ даваа поддршка беа растерани со употреба на сила.
Холандските власти вчера ги спречија министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу и министерката за семејство и социјална политика Фатма Бетул Сајан Каја во нивната посета на дипломатските претставништва на Турција во таа земја, како и средбите со турската заедница во Холандија.
Министерството за надворешни работи на Турција го осуди спречувањето на посетите и побара од холандскиот амбасадор во таа земја, кој во моментов е на одмор, одредено време да не се враќа на должност во Анкара. Амбасадата и конзулатот на Кралството Холандија во Анкара се затворени од безбедносни причини.