Ekipa
05 Јуни 2017•Ажурирај: 06 Јуни 2017
ЛОНДОН (АА) - Министерот за внатрешни работи на Шпанија, Хуан Игнасио Зоидо, изјави дека 39-годишен шпански државјанин исчезнал откако му се спротиставил на еден од напаѓачите во Лондон, јавува Anadolu Agency (AA).
Шпанскиот министер за внатрешни работи истакна дека Игнасио Eшевериа, вработен во банка во Лондон, за последен пат е виден во близина на пазарот Бороу, каде што се случи нападот.
Тој истакна дека според тврдењата на неговите пријатели, Eшевериа му се спротиставил на еден од напаѓачите кој со остар предмет нападнал жена.
Шпанскиот министер побара од членовите на семејството на исчезнатиот Шпанец да останат смирени, бидејќи многу од повредените во нападот сѐ уште не се идентификувани.
Шпанското министерство за надворешни работи објави дека уште еден од нивните државјанин е повреден во нападот, но дека е надовор од животна опасност.
Нападот се случи во саботата, 3 јуни, кога напаѓачите со комбе удрија во пешаците на Лондонскиот мост, а потоа напуштајќи го возилото со ножеви ги нападнаа луѓето на пазарот Бороу, каде што полицијата успеа да ги убие сите тројца.
Освен тројцата напаѓачи, беа убиени седум лица, а најмалку 48 лица беа повредени.