Aliia Raimbekova
05 Јуни 2017•Ажурирај: 05 Јуни 2017
АСТАНА (АА) - Продолжението на сириските мировни преговори во казахстанскиот главен град Астана, најверојатно ќе започне на 12 и 13 јуни, а се очекува Турција, Русија и Иран поконкретно да го договорат начинот за воспоставување на неконфликтни зони во Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерот за надворешни работи на Казахстан, Кајрат Абдурахманов, утринава изјави дека руската делегација соопштила дека на другите учесници во мировниот процес ќе им предложи петтата рунда преговори да започне наредниот понеделник.
„На продолжението од преговорите ќе присуствуваат делегации на земјите-гаранти, како и делегациите на сириската влада и на опозицијата. Во тек се консултациите во врска со дневниот ред и форматот на наредниот состанок, за што ќе ја известиме јавноста во наредните денови“, изјави Абдурахманов.
Абдурахманов потсети дека Турција, Русија и Иран како земји-гаранти на мировниот процес, на последниот состанок на почетокот од мај потпишаа договор за воспоставување неконфликтни зони во Сирија, и дека на наредниот состанок се очекува тој договор да се конкретизира и точно да се договорат деталите поврзани со зоните.