Muhammed Bilal Kenasari
05 Јуни 2017•Ажурирај: 06 Јуни 2017
ВАШИНГТОН (АА) - Во врска со сомневањето дека во минатото, претседателот на Русија, Владимир Путин, имал средба со Мајкл Флин, поранешен советник за национална безбедност на американскиот претседател Доналд Трамп, Путин изјави: „Во минатото доаѓаше во Москва, но никогаш се немам сретнато со него“, јавува Anadolu Agency (AA).
Претседателот Путин за американскиот телевизиски канал „NBC“ (Ен-би-си) даде оцена за дневнополитичките настани.
На тврдењата дека рускиот претседател е поврзан со имиња блиски до американскиот претседател Трамп, Путин даде остар одговор истакнувајќи:
„Ова е една нова фарса. Кој е изворот на ваквите информации? Зошто би имал посебни корелации со Флин? Со него не сме имале никакви контакти, дури не сме ни разговарале. Во минатото доаѓаше во Москва, но никогаш се немам сретнато со него“.
Путин зборуваше дека голем број високи претставници на Америка престојувале во Русија и додаде: „Колку што сум информиран, во моментов стотици претставници на американски компании доаѓаат во Русија. Зарем мислите дека собираме информации од сите овие лица? Сите да не го изгубиле умот“.
Путин изјави дека ваквите тврдења потекнуваат од 'болни луѓе', истакнувајќи дека се невистинити тврдењата оти Русија влијаела врз претседателските избори во САД одржани во 2016 година.