Hakan Çopur
02 Декември 2017•Ажурирај: 02 Декември 2017
ВАШИНГТОН (AA) – Поранешниот советник на американскиот претседател Доналд Трамп за национална безбедност, Мајкл Флин призна дека ја лажел Федералната истражна агенција (ФБИ) во врска со неговите разговори со амбасадорот на Русија во САД Сергеј Кислиак, пренесува Anadolu Agency (AA).
Роберт Милер, специјален обвинител за истрага во врска со вмешувањето на Русија во процесот на претседателските избори во САД, кој го испрашувал Флин на суд и потврди дека ја признал вината.
Милер претходно го обвинил Флин дека „ги лажел припадниците на ФБИ во врска со разговорите со рускиот амбасадор", после што Флин се јавил на судот во Вашингтон.
Американските медиуми наведуваат дека овој потег на Флин, со кој признал дека го лажел ФБИ е „очекувачки чекор во ваквите процеси". Исто така се наведува дека информациите кои Флин ги откри пред судот би можеле значително да го сменат текот на истрагата во врска со Русија.
Мајкл Флин ја извршуваше должноста на советник за национална безбедност откако Доналд Трамп е именуван за претседател на државата. Сменет е подади наводите за контакти со амбасадорот на Русија во Вашингтон Сергеј Кислиак.