свет

Литванија бара поддршка од ЕУ и САД за спречување на шверцерските балони од Белорусија

– Литванија ќе ја притисне белоруската Влада, со поддршка од Европската Унија и САД, да спречи шверцерските балони да влегуваат во нејзиниот воздушен простор, а подготвена е да донесе и национални мерки, изјави премиерката Инга Ругиниене денес

Beyza Binnur Dönmez  | 12.12.2025 - Обновена : 12.12.2025
Литванија бара поддршка од ЕУ и САД за спречување на шверцерските балони од Белорусија

ЖЕНЕВА (AA) – Литванија ќе ја притисне белоруската Влада, со поддршка од Европската Унија и САД, да спречи шверцерските балони да влегуваат во нејзиниот воздушен простор, а подготвена е да донесе и национални мерки доколку овие обиди не дадат резултат, изјави премиерката Инга Ругиниене денес, јавува Анадолу.

Говорејќи за литванското радио ЛРТ, Ругиниене рече дека Владата разгледува можности, вклучително и санкции за Белорусија или повторно воведување затворање на границата, но најпрво ќе се обиде да постигне координирано решение со сојузниците.

„Министерството за надворешни работи активно работи со Европската комисија, која целосно ја поддржува подготовката на нов пакет санкции“, изјави таа.

„Веќе зборував со специјалниот пратеник на САД за Белорусија и ќе имаме директна средба. Ќе разговараме и за заеднички активности со нашите стратегиски партнери“, додаде Ругиниене.

„А ако и тоа не помогне, сериозно ќе размислиме за национални санкции и затворање на границата.“

Според неа, бројот на балони што навлегувале на литванска територија бил минимален во периодот кога Литванија ја затвори својата граница со Белорусија неколку недели кон крајот на октомври.

Претседателот Гитанас Науседа претходно изјави дека Литванија би можела да замрзне или да конфискува белоруски средства во земјата, обвинувајќи го Минск дека продолжува да ги блокира литванските камиони на излез од неговата територија.

Изминативе месеци шверцерските балони повеќепати ги нарушија летовите на литванските аеродроми, најмногу во Вилнус.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.