Kemal Zorlak
10 Септември 2017•Ажурирај: 11 Септември 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Машката сениорска кошаркарска репрезентација на Грција е четвртата репрезентација којашто се пласираше во четвртфиналето на Европското првенство, откако во средбата во осминафиналето ја совлада селекцијата на Литванија со резултат од 77:64, јавува Anadolu Agency (AA).
Во Истанбул започна нокаут фазата од Евробаскет, а Грците во четвртата средба од осминафиналето ја совладаа селекцијата на Литванија со 77:64 (25:17, 12:13, 24:18 и 16:16) и така станаа четвртата репрезентација која оствари пласман меѓу осумте најдобри на овогодишниот Евробаскет.
Грците уште на самиот почеток покажаа подготвеност и желба за продолжување на натпреварувањата, веќе кон крајот на првата четвртина резултатот беше 25:17 за Грција. Доминацијата на Грција беше забележлива за време на целата средба, а резултатот на крајот изнесуваше 77:64.
Грција во четвртфиналето ќе се сретне со подобриот од дуелот Хрватска - Русија, закажан за денес, 10 септември. Вчера се одиграа вкупно четири средби од осминафиналето, по кои Словенија, Германија, Италија и Грција ги продолжија натпреварувањата, додека Украина, Франција, Финска и Литванија се вратија дома.
Денес се на распоред и преостанатите средби од осминафиналето, а силите ќе ги одмерат Латвија и Црна Гора, Србија и Унгарија, Шпанија и Турција, и Хрватска и Русија.
Екипите кои ќе победат во четвртфиналните натпревари ќе играат во полуфиналето на 15 септември.
Натпреварите за третото место и финалето на програмата се на 17 септември.