Övünç Kutlu
10 Септември 2017•Ажурирај: 11 Септември 2017
ЊУЈОРК (АА) - Победничка во финалето на последниот гренд слем тениски турнир US Open во поединечна женска конкуренција, стана Американката Слоун Стивенс, јавува Anadolu Agency (AA).
Во финалето на тенискиот турнир во поединечна женска конкуренција која се одржа во Њујорк, се сретнаа осумдесет и третата носителка Слоун Стивенс и петнаесеттата носителка Медисон Кис.
Дваесет и четиригодишната Стивенс, која за првпат во својата кариера стигна до финалето на гран слем турнирот, со резултат 2-0 (по сетови 6-3, 6-0) ја совлада американската тенисерка Кис и стана нова победничка на US Open.
Стивенс, во изјава за медиумите по освојувањето на титулата, истакна дека таа се оперирала на 23 јануари.
„Ако тој ден некој би ми рекол дека ќе победам во US Open, би кажала дека тоа е невозможно“, истака Стивенс.
Меѓудругото, Стивенс со оваа победа освои 3,7 милиони долари, и упати посебна благодарност до својата мајка. „Родители, никогаш не се откажувајте од вашите деца. Што ѝ да сакаат да направат, секогаш охрабрувајте ги“, додаде Стивенс.