Rustam Mikayilli
10 Август 2016•Ажурирај: 11 Август 2016
ВИЛНУС (АА) - Министерот за надворешни работи на Литванија, Линкевичиус, изјави дека неговата држава одлучно ја поддржува Турција , јавува Anadolu Agency (AA).
Линкевичиус оствари средба со турската амбасадорка во Вилнус, Ајдан Јаманџан, во зградата на Министерството за надворешни работи. На средбата беше разговарано за обидот на ФЕТО за државен удар и за настаните што следуваа потоа.
Литванскиот министер, кој по средбата со Јаманџан даде изјава, спомена дека Литванија го поддржува процесот на членството на Турција во Европската Унија.
„Турција како членка на НАТО игра важна улога во обезбедувањето сигурност во Трансатлантикот. Турција во голема мера има придонес во борбата против важните меѓународни закани како тероризмот и илегалните миграции“.
Линкевичиус истакна дека Турција помина низ еден проблематичен период и дека таа, особено по воениот обид за државен удар се соочи со некои големи тешкотии.
„Одлучно ја поддржуваме нашата сојузничка држава Турција, која е од големо значење. Исто така, подготвени сме да ѝ помогнеме на Турција. Од голема важност е направените чекори по обидот за државен удар да бидат во рамките на правото и на меѓународното право“.