Ekipa
31 Јануари 2017•Ажурирај: 01 Февруари 2017
БЕРЛИН (АА) - Германски војници и тенкови се на пат кон централна Литванија, како дел од мерките на НАТО за зголемување на своето присуство во источните земји на Алијансата, која треба да служи како превенција од можна руска агресија, јавува Anadolu Agency (AA).
Германската армија во вторникот објави дека 36 возила, вклучувајќи ги и оклопните борбени возила кои во Баварија беа натоварени во воз што ќе ги однесе до базата Рукла.
Водечка борбена група на НАТО во Литванија ќе биде од Германија. Контингентот исто така е составен од 450 војници и воена опрема, вклучувајќи ги и борбените тенкови „леопард 2“ и пешадиските борбени возила.
Комплетната единица ќе се состои од повеќе од 1.000 војници, кои освен од Германија доаѓаат од Холандија, Белгија, Норвешка и од Луксембург.
Борбените групи предводени од страна на војниците на САД, Канада и Велика Британија, исто така се стационирани во Полска, Латвија и во Естонија, како дел од мисијата на НАТО.