Fatih Erel
31 Јануари 2017•Ажурирај: 01 Февруари 2017
ЖЕНЕВА (АА) - Фондацијата за деца при ОН денес поднесе барање за помош во износ од 3,3 милијарди долари за 48 милиони деца од речиси 50 земји, јавува Anadolu Agency (AA).
Четириесет отсто од средствата се наменети за да им се помогне на децата зафатени од сириската бегалска криза.
Во извештајот на УНИЦЕФ за 2017, во врска со хуманитарните акции за децата се вели дека околу 7,5 милијарди деца во 2017 ќе бидат недоволно ухранети во повеќето од земјите за кои се бараат средствата.

Најголемото индивидуално барање е 354 милиони долари за сириските деца. УНИЦЕФ исто така бара околу 1 милијарда долари за сириските бегалци, воглавно, и за другата погодена популација во Египет, Ирак, Јордан, Либан и во Турција.
УНИЦЕФ упати барање за речиси 2 милијарди долари помош за децата во регионот на Блискиот Исток, вклучувајќи 161 милиони долари за Ирак, 236 милиони долари за Јемен и 24 милиони долари за Палестина.
- Бегалската и мигрантска криза во Европа -
Во извештајот на УНИЦЕФ се нагласува дека околу 350.000 бегалци и мигранти пристигнале минатата година во Европа: „Речиси половина од мигрантите и бегалците што по морски пат пристигнаа во Грција и во Италија беа деца, особено од Сирија и од Авганистан“.
„Многумина од децата се жртви на насилство, злоупотреба и експлоатација“.
Според денешниот извештај, земјите соседи на Сирија згрижуваат повеќе од 4,8 милиони сириски бегалци, вклучувајќи повеќе од 2,2 милиони деца.
Поради растечкиот конфликт во Ирак, 11 милиони лица имаат потреба од хуманитарна помош. Повеќе од три милиони лица се раселени, од кои најмалку 1,4 милиони се деца, се вели во извештајот од УНИЦЕФ.