Elena Teslova
31 Јануари 2017•Ажурирај: 31 Јануари 2017
МОСКВА (АА) – Јавното истражување во Русија покажа дека 50 отсто од руските државјани не се против тоа да се носат шамии во образовните институции, јавува Anadolu Agency (AA).
Центарот за истражување на јавното мислење во Русија направи анкета по прашањето за носење шамии во училиштата на репрезентативен примерок од 800 лица во 130 населени места, на ниво на 48 држави.
Според резултатите, 50 проценти од испитаниците изразија став дека законот против носење шамии во образовните институции треба да се укине. Од испитаниците, 37 проценти сметаат дека овој закон во никој случај не треба да биде укинат.
Локалната управа во регионот Ставропол во 2013 година донесе закон со кој се забранува ученичките во образовните институции да носат шамија, а оваа тема излезе на суд. Подоцна Врховниот суд на Русија ја потврди забраната, и одлуката стана правосилна на ниво на целата држава.