Aydoğan Kalabalık
07 Јуни 2020•Ажурирај: 07 Јуни 2020
ТРИПОЛИ
Во областа Хадба, јужно од главниот град Триполи, експлодира мина претходно поставена од милицијата на Калифа Хафтар, водачот на нелегитимните сили на истокот од земјата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението од Министерството за здравство на Либија се истакнува дека како резултат на експлозијата повредени се лица од исто семејство.
Во соопштението не се даваат информации за бројот на повредени лица, но се повикува Министерството за внатрешни работи да го запре враќањето на цивилите во регионот.
Се наведува дека ваквите експлозии се зачестени во последните денови.
Милицијата на Хафтар пред да ги напушти цивилните подрачја на југот од главниот град поставила мини. Како резултат на експлозиите при активностите за утврдување и чистење на тие мини повредени се експерти за детонирање при либиската Армија.