Ali Makram Ghareeb
07 Јуни 2020•Ажурирај: 08 Јуни 2020
ДИЈАЛА (АА) - Четириесет припадници на ДЕАШ се фатени во полициски акции во повеќе области во ирачкиот град Дијала, јавува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на полицијата во Дијала, Нихат Махдави, за дописникот на АА изјави дека акциите биле спроведени во 8 различни области во градот Дијала, меѓу кои и во Бакуба, Сајда и Макдадије.
Махдави соопшти дека во акциите фатени се 40 припадници на ДЕАШ.
Истакна дека сите уапсени се наоѓале на листата на барани терористи и дека се предадени на судовите.
Во јуни 2014 година, ДЕАШ целосно ги освои ирачките покраини Мосул, Салахадин и Анбар, како и одредени делови од покраините Дијала и Киркук. Овие области во текот на годините повторно беа вратени назад.
Поранешниот ирачки премиер Хајдар ал-Ибади на 9 декември 2017 година соопшти дека е постигната победа над оваа терористичка организација.
Иако поминаа 3 години откако терористичката организација ДЕАШ беше расчистена од регионот и градовите беа вратени назад, нападите на оваа терористичка организација во руралните области на покраините Киркук, Дијала, Мосул, Салахадин и Анбар продолжија.