Hamdi Çelikbaş
07 Јуни 2020•Ажурирај: 07 Јуни 2020
АНКАРА (АА) - Министерството за национална одбрана на Турција соопшти дека е фатен терорист на ПКК/ЈПГ, кој се подготвувал да изведе напад врз цивили со возило со експлозив во сирискиот град Тел Абјад, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Фатен е терорист на ПКК/ЈПГ, кој се подготвувал да ги нападне цивилите со возило натоварено со експлозивен материјал, во градот Тел Абјад. Терористот во моментот кога е фатен бил повреден“, се вели во соопштението објавено на твитер-профилот на Министерството.
Во соопштението се истакнува дека Тимот за откривање и уништување мини ги детонирал рачноизработените експлозивни направи. Исто така споделени се и фотографии од рачноизработениот експлозив.