Ekip
18 Февруари 2016•Ажурирај: 19 Февруари 2016
АНКАРА (AA) - Премиерот на Република Турција Ахмет Давутоглу изјави дека синоќешниот терористички напад во Анкара директно е поврзан со терористичката органиација ПКК - ЈПГ и дека напаѓачот беше Сириецот Салих Нијар, член на ЈПГ, јавува Anadolu Agency (AA).
Давутоглу во четврток во седиштето на Генералштабот на турската војска во Анкара рече дека девет лица се приведени, кои се сомничат за нападот. Сите се поврзани со терористичката организација ЈПГ, огранокот на ПКК во Сирија.
"ЈПГ е пион на сирискиот режим и сирискиот режим директно е одговорен за синоќешниот напад, а ние имаме полно право да ги преземе сите мерки на претпазливост наспроти тој режим", рече Давутоглу.
"Имаме податоци како и каде е организиран нападот, но не можеме моментално се да објавиме јавно", рече Давутоглу и додаде дека сите информации ќе бидат проследени до сите земји, вклучувајќи ги и оние кои сеуште не ја признаваат ЈПГ како терористичка организација.
Истакнувајќи дека истрагата е во текот, Давутоглу рече дека напаѓачот беше член на ПКК-ЈПГ, идентификуван како Салег Најар кој е роден 1992 година во Амуда , на северот на Сирија.
Нагласувајќи дека чувањето и јакнењето на единството во Турција е должност на сите нејзини граѓани, Давутоглу ги повика сите граѓани на единство и да не наседнуваат на провокации и игри кои ги сервираат терористите.
"Уште еднаш ги повикувам сите кои се спремни да седнат на маса со ЈПГ. Исто како што не преговарате со Ал-Каеда и ДАЕШ, така не можете ни со терористичката организација ЈПГ. Кој тоа ќе го направи, ја зазема страната на убијците" , порача Давутоглу.
Давутоглу тврди дека сепарастичките терористички организации ПКК и нејзиниот сириски огранок ЈПГ од периодот на Студената војна беа нечии пиони,тогаш на Советскиот сојуз, а денес на сирискиот режим, за кој рече дека е директно одговорен за синоќешниот напад.
Потсети дека сирискиот амбасадор во ОН, Башар Џафари вчера јасно изјави дека ЈПГ е сојузник на сирискиот режим и рече дека Турција има полно право да ги преземе сите мерки на претпазливост наспроти тој режим.
Давутоглу порача дека антитерористичките операции во Турција и на нејзината граница ќе продолжат, како и дека одговорните за синоќешниот терористички напад во Анкара, за тоа сигурно ќе бидат казнети.
Коментирајќи ги осудите на синоќешниот напад кои доаѓаат од различни адреси на меѓународната заедница, Давутоглу рече дека Турција во овој момент очекува потполна и конкретна солидарност а не само зборови.
„Очекуваме да се покаже конкретна солидарност на терен, како што тоа Турција го покажа по терористичките напади на 11 септември кога рамо до рамо со сојузниците влезе во борба против терористите во Авганистан", рече Давутоглу и додаде дека уште еднаш ги повикува и предупредува сите дека Турција нема да и прости на ниту една членка на НАТО, ниту на другите земји да се врзат за терористичка организација која и со синоќешниот напад се покажа како непријател на Република Турција.
Tерористичкиот напад е извршен вчера, врз возила кои превезувале лица на Оружените сили на Турција во моментот додека чекале на семафор на раскрсница на булеварот Инону, во центарот на Анкара. Според официјалните податоци, во нападот загинаа 28, а 61 лице е рането. Меѓу загинатите се 27 припадници на турските сили и еден цивил.