Adam Moro
05 Април 2019•Ажурирај: 06 Април 2019
ТРИПОЛИ (AA) - Силите лојални на Владата во Триполи воспоставија контрола над станицата за влез во главниот град, соопштија безбедносни извори, јавува Anadolu Agency (AA).
Либискиот воен командант Калифа Хафтар вчера им нареди на силите лојални на неговиот табор да тргнат на марш на Триполи, главниот град на Либија, кој е под контрола на либиската Влада на националниот консензус, која ја поддржуваат и Обединетите нации (ОН), а според изворите во либискиот главен град, 20 негови војници се заробени.
Хафтар ја објави наредбата на интернет и тоа непосредно откако генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, ја заврши посетата на Либија и изрази загриженост поради кризата во таа земја.
Походот на силите на Хафтар на Триполи е најавен како „победнички марш“, а негова цел е да „го потресе тлото под нозете на неправедната банда“.