Mücahit Aydemir
05 Јуни 2020•Ажурирај: 06 Јуни 2020
АНКАРА
Најмалку 106 трупови, меѓу кои деца и жени, се пронајдени во болница во градот Тархуна во Либија, кој беше ослободен од милицијата на лидерот на илегалните вооружени сили во ситочниот дел на земјата, Калифа Хафтар, во рамки на операцијата на Војската на Либија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на прес-службата на операцијата „Вулканот не гневот“ при либиската влада се нагласува дека според првичнтие сознанија, овие цивили биле егзекутирани.
Во објавените снимки привлекува внимание тоа што во просториите во болницата се забележуваат голем број трупови.
Портпаролот на Министерството за здравство на оваа земја, Амин ал Хашими, преку социјалните мрежи нагласи дека кај труповите, меѓу кои деца и жени, се откриени знаци на тортура.
Ал Хашими рече дека некои трупови се во состојба што не може да се идектификуваат, и дека воените злосторства ги прекршиле сите локални и меѓународни закони.
Властите во Либија не објавија дополнителни информации околу деталите на случајот и за сторителите на тоа.
Војската на Либија денес соопшти дека под своја контрола ја зел градот Тархуна кој се наоѓа на 90 километри југоисточно од либискиот главен град Триполи.