Yusuf Özcan
05 Јуни 2020•Ажурирај: 06 Јуни 2020
ПАРИЗ
Бројката на починати лица од новиот вид коронавирус (Ковид-19) во Франција се искачи на 29.111 лицa, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Овие информации преку соопштение ги соопшти Институтот за јавно здравје на Франција.
Потврдени се уште 611 нови случаи со Ковид-19, со што вкупната бројка на случаи во земјата се искачи на 190.460.
Во болниците од Ковид-19 се лекуваат 12.696 лица, од кои 1.094 се наоѓаат на интензивна нега.
Од Ковид-19 се излекувани уште 549 лица, со што вкупната бројка на излекувани лица од овој вирус се искачи на 70.504.
Во последните 24 часа починаа 46 лица поради Ковид-19, додека вкупниот број на починати во земјата како последица на овој вирус, се искачи на 29.111.
Жан Францис Делфраси претседател на Научниот совет формиран од страна на францускиот претседател Емануел Макрон, во изјава за медиумите истакна дека пандемијата во земјата е ставена под контрола.
Делфраси рече дека забележан е значаен пад во бројката на дневно откриени случаи во земјата, и дека имаат можноста да прават тестирања за секој кој има симптоми на Ковид-19.