Sayed Khodaiberdi Sadat
05 Јуни 2020•Ажурирај: 06 Јуни 2020
КАБУЛ
Талибанските милитанти извршија оружен и бомбашки напад во авганистанската покраина Забул при што смртно настрадаа 10 полицајци, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ата Џан Хакбајан, претседател на градскиот совет во Забул, во изјава за медиумите истакна дека милитантите извршиле оружен и бомбашки напад врз полицајците кои патролирале во близина на градот Калат во Забул.
Хакбајан информира дека во нападот загинале 10 полицајци, додека еден полицаец е повреден.
Според него, во судирот кој се случил по нападот, Талибанските милитанти претрпеле тешка загуба.
Талибанците сеуште не дадоа изјава околу нападот.