Mücahit Aydemir
25 Февруари 2021•Ажурирај: 26 Февруари 2021
ТРИПОЛИ
Лав кој се движеше по улиците на Бенгази во Либија стана главна тема на социјалните мрежи, јавува Агенција Анадолија (АА).
Аматерското видео снимен од возило рано наутро во округот Бенина во Бенгази прикажува лав како се движи по улиците на овој либиски град.
„Од каде се појави", може да се слушне на видеоснимка објавена на социјалните мрежи.
Возачот го следеше лавот кој се движеше по улицата. На видеоснимката се гледа како лавот влегува во двор од една работилница на крајот на улицата.
Во Либија, каде со години трае граѓанска војна и политичка криза, градот Бенгази е под контрола на Калифа Хафтар, водачот на нелегтимните сили на истокот на земјата.