Tevfik Durul
24 Февруари 2021•Ажурирај: 26 Февруари 2021
АТИНА
Државјанка на Авганистан на грчкиот остров Лезбос се запали во својот шатор по сознанието дека поради бременоста нема да биде транспортирана во Германија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Грчките медиуми наведуваат дека Авганистанка во осми месец од бременоста, се запалила на 21 февруари во бегалскиот камп Каратепе.
Мајка на две деца, чиј идентитет не е откриен, ги изнесе децата од шаторот и се запали.
Оваа жена со статус на бегалец претходно се пријавила за трансфер во Германија.
Авганистанката е хоспитализирана и не е животно загрозена, а утре ќе даде изјава во Обвинителство на Лезбос.