Furkan Naci Top
08 Април 2016•Ажурирај: 09 Април 2016
ЛЕЗБОС (АА) – Во склоп на договорот постигнат помеѓу Турција и ЕУ, 45 Пакистанци се депортирани од грчкиот остров Лезбос, јавува Anadolu Agency (AA).
Имено, на Пакистанците им било одбиено барањето за азил па од Лезбос тргнале кон родната земја. Потпаролката на Фронтекс, Ева Монкур, рече дека станува збор за 45 мажи кои се депортирани откако им било одбиено барањето за азил.
Во утринските часови, во придружба на полиција,пренесени се со автобуси од кампот Мориа до пристаништето, и спореведени се траект на кој се наоѓа и лекар. Депортацијата е извршена со големи безбедносни мерки. Пред испловувањето на бродот со Пакистанци, три активисти се фрлиле во морето и пливале до траектот.
Од морето ги извлекла грчката полиција на пристаништето. Со договорот на Турција и ЕУ, во рамките на борбата против нелегалните миграции и криумчарење на луѓето, мигрантите од 4-ти април се враќаат од грчките острови во Егејското море во Турција, а незадоволните мигранти од кампот Мориа на Лезбос, веќе протестираат поради тоа.