Mesut Zeyrek
07 Јуни 2016•Ажурирај: 08 Јуни 2016
ДИСЕЛДОРФ (АА) - Во бегалскиот центар во германскиот Диселдорф избувна пожар во кој е повредено 21 лице, јавува Anadolu Agency (AA).
Во центарот беа сместени 282 бегалци. Според прелиминарните податоци, во центарот кој се наоѓа во склоп на Саемскиот центар во Диселдорф причинета е голема материјална штета. Противпожарните екипи реагираа брзо и го изгаснаа пожарот, но зградата е доведена до неупотреблива состојба.
Градоначалникот на Диселдорф, Томас Гајсел, изјави дека бегалците ќе бидат преместени на некое друго место.
Бегалскиот центар се наоѓа во близина на аеродромот во Диселдорф, па чадот од пожарот веројатно имал влијание и на летовите.