Ekipa
16 Април 2016•Ажурирај: 16 Април 2016
АТИНА (AA) – Папата Фрањо на грчкиот остров Лезбос го дочекаа и поздравија премиерот Алексис Ципрас, патријахот Братоломеј и лидерите на грчката православна црква, јавува Anadolu Agency (AA).
Ципрас му посака добредојде на папата дека се симнуваше низ скалите од авионот со кој долета на аеродромот во Лезбос. Го дочекаа и Бартоломеј I, како и атинскиот и грчкиот архиепископ Иеронимос. На свечениот дочек присуствуаше и првиот човек на малата католичка заедница од Лезбос.
"Горд сум на оваа посета, посебно во време кога некои од нашите партнери од христијанската Европа креваа sидови и огради да ги спречат безпомошните луѓе да најдат подобар живот. Затоа сметам дека важата посета е многу важа", рече Ципрас во обраќањето кон папата.
Посетата на верските лидери на малиот грчки остров, преку кој во Европа дојде поголемиот број на бегалци и мигранти е симболична. Тој доаѓа во момент кога ЕУ ја спроведува својата неодамна донесена одлука за депортација на мигрантите во Турција која требаше да го спречи нивното доаѓање.