Davut Çolak
25 Февруари 2021•Ажурирај: 02 Март 2021
КОПЕНХАГЕН
Мерките против новиот вид коронавирус, кои се на сила во Данска од декември 2020 година, постепено ќе се ублажуваат од 1 март, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Продавниците до 5.000 метри квадратни ќе бидат отворени од 1 март. Продавниците поголеми од 5.000 метри квадратни ќе можат да ги примат купувачите со претходна резервација. Продавниците во трговските центри и понатаму ќе бидат затворени.
Во регионите Северен и Западен Јитланд средношколците ќе можат да се вратат во училиштата. Студентите двапати неделно ќе мора да прават ПЦР-тест.
Премиерката Мете Фредериксен побара од граѓаните да бидат трпеливи.
Истакнувајќи дека B117, варијантата на Ковид-19 која побрзо се шири, а која се појави во Велика Британија, сочинува големо мнозинство од случаите на коронавирусот во Данска, Фредериксен изјави дека ограничувањата ќе ги укинуваат чекор по чекор, ни брзо ни бавно.
„Епидемијата ја тестира нашата отпорност. Пандемијата го тестира нашето трпение. За жал, и нашето општество“, изјави Фредериксен.