Ali Rezzakoğlu
17 Мај 2022•Ажурирај: 18 Мај 2022
ТРИПОЛИ (АА) - Денес во Триполи, главниот град на Либија, избија судири меѓу вооружените групи лојални на премиерот Абдул Хамид Дбеибе и на ривалскиот лидер Фати Башага, кој неодамна беше назначен за премиер од парламентот со седиште во Тобрук, јавува Агенција Анадолија (АА).
Башага пристигна во главниот град во текот на ноќта за да ја преземе контролата врз владата од Дбеибе, кој одби да ја предаде власта.
Сепак, извор од безбедносните сили за АА изјави дека Башага бил принуден да го напушти Триполи откако биле пријавени жестоки судири меѓу двете страни.
Борбите се забележани во областите Ал-Мансур и Сук ал-Тулат во центарот на Триполи.
Калед ал-Мишри, шеф на Високиот државен совет на Либија, го осуди насилството и повика на итен прекин на непријателствата.
Во Либија има две влади повеќе од два месеци: Владата на национално единство предводена од Дбеибе и онаа на која и верува Претставничкиот дом со седиште во Тобрук.
Дбеибе претходно изјави дека ќе ја предаде власта само на влада што доаѓа преку „избран парламент“, што ги зголеми стравувањата дека земјата богата со нафта може повторно да западне во граѓанска војна.