Dildar Baykan Atalay
17 Мај 2022•Ажурирај: 17 Мај 2022
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот претседател Џо Бајден укина некои од ограничувањата наметнати на Куба донесени од претходниот претседател Доналд Трамп, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во писменото соопштение од Белата куќа се нагласува дека Бајден укинал некои од одлуките донесени против Куба во времето кога Трамп претседаваше со САД.
Со одлуката на Бајден ќе бидат обновени летовите до другите градови на Куба, покрај главниот град Хавана и обновување на програмите за обединување на семејствата.
Меѓу другото во соопштението се наведува дека ќе бидат дозволени и групни посети на Куба за образовни или деловни цели и ќе биде укинат и лимитот за испраќање пари во оваа земја, кој изнесуваше 1.000 долари за 3 месеци.