Gülşen Topçu
28 Април 2019•Ажурирај: 29 Април 2019
ТРИПОЛИ (АА) - Авионите на силите на генерал Калифа Хафтар ги нападнаа позициите на Владата на национално единство (ВНЕ) во главниот град Триполи, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според информациите добиени од воени извори, авионите на генерал Хафтар го нападнале штабот на Ел-Ка во подрачјето на Ел-Фелах.
Телевизискиот канал „Либија ел-Ахрар“ (Libya el-Ahrar) објави дека според информациите добиени од воени извори, едно беспилотно летало бомбардирало повеќе точки во главниот град на Либија.
Лидерот на воените сили од источниот дел на Либија, генерал Калифа Хафтар, на 4 април издаде наредба за отпочнување на офанзива за заземање на главниот град Триполи, на што силите на Владата на национално единство на Либија одговорија со операцијата „Буркан ел-Гадаб“ (Вулкан на гневот).
Од 2011 година во Либија постои криза за легитимитет, откако во крвав бунт со поддршка на НАТО е симнат од власт, а потоа и убиен повеќедеценискиот лидер Муамер Гадафи.