Mücahit Aydemir
29 Август 2020•Ажурирај: 30 Август 2020
ТРИПОЛИ (АА) - Либискиот премиер, Фаиз ес Сараџ, го разреши министерот за внатрешни работи, Фетхи Башага, „заради претпазливост“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во одлуката објавена од Кабинетот за информации на Претседателскиот совет на либиската Влада, се истакнува дека министерот за внатрешни работи Башага е разрешен заради претпазливост и дека против него ќе започне административна истрага пред Претседателскиот совет во рок од 72 часа по објавувањето на одлуката.
Во одлуката исто така се нагласува:
„Отворена е истрага против министерот за внатрешни работи во врска со неговите изјави за неодамнешните демонстрации во Триполи и некои други градови, и настаните кои следуваа потоа, како и кршењето на правата на демонстрантите.“
Во одлуката се истакнува дека заменик министерот Халид Ахмед ет Тичани Мазин е назначен за вршител на должноста министер за внатрешни работи.