Emre Aytekin
29 Август 2020•Ажурирај: 29 Август 2020
АНКАРА
Во последните 24 часа во Кина се потврдени 9 нови случаи на коронавирусот Ковид-19, додека во Јужна Кореја откриени се 323 новозаразени, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Националната здравствена комисија на Кина се наведува дека сите 9 заразени што се детектирани во последните 24 часа се поврзани со странство.
Во Кина во последните 24 часа не е забележан ниту еден смртен случај предизвикан од коронавирусот.
Вкупниот број на заразени во земјата достигна 85.022, додека бројот на починати остана ист, 4.634.
Од почетокот на пандемијата во земјата оздравеа 80.126 лица, кај кои претходно е дијагностициран Ковид-19, додека во моментов активни се 262 случаи, од кои 4 лица се во тешка состојба.
- Јужна Кореја -
Центарот за контрола и превенција на болести во Јужна Кореја информираше дека последните 24 часа се потврдени 323 нови случаи на Ковид-19, од кои 15 се поврзани со странство.
Вкупниот број на заразени во Јужна Кореја достигна 19.400. Како последица на коронавирусот починаа 316 лица, додека оздравеа 14.765 заразени.
Во земјата, дневниот број на заразени со Ковид-19 од 14 август повторно се искачи во троцифрени бројки.
Владата соопшти дека за време на викендот поради порастот на бројот на заболени ќе бидат засилени мерките за борба против епидемијата. Во рамките на мерките, кои ќе траат две недели, ќе бидат затворени местата за забава, библиотеките, галериите и музеите.