Adam Abu-bashal
29 Август 2020•Ажурирај: 30 Август 2020
АБУЏА (АА) - Бројот на дијагностицирани случаи со новиот вид коронавирус (Ковид-19) на африканскиот континент надмина 1 милион 233 илјади, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според интернет-страницата „Worldometer“, во последните 24 часа на овој континент дијагностицирани се уште 8.116 случаи на Ковид-19.
Со ова, вкупната бројка на откриени случаи во Африка се искачи на 1.233.365.
Исто така, во последните 24 часа од Ковид-19 починале уште 231 лице, со што вкупната бројка на починати се зголеми на 29.141.
Најмногу смртни случаи од Ковид-19 се регистрирани во Јужноафриканската Република (13.743 смртни случаи), по која следуваат Египет (5.362) и Алжир (1.483 смртни случаи).
Во Маврициус нема активни случаи, додека во Еритреја и на Сејшелите досега не се регистрирани смртни случаи од Ковид-19.
Во Африка од вирусот досега излекувани се вкупно 964.846 лица.