Sinan Doğan,Emre Aytekin
29 Август 2020•Ажурирај: 30 Август 2020
АНКАРА (АА) - Како последица на новиот тип коронавирус (Ковид-19), во последните 24 часа во Индија починаа 1.021 лицa, во Бразил 855, а во Мексико 552, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Министерството за здравство на Индија се вели дека како последица на Ковид-19 во последните 24 часа во земјата починале уште 1.021 лица, со што вкупниот број на починати од овој вирус се искачи на 62.550.
Вкупната бројка на дијагностицирани случаи во Индија порасна на 3.463.973, со зголемување од 76.472 во последните 24 часа.
Досега во земјата од Ковид-19 оздравеа 2.648.999 лица заразени со коронавирусот.
- Бразил -
Според соопштението на Министерството за здравство на Бразил, со починатите 855 лицa во последните 24 часа, вкупниот број на смртни случаи од Ковид-19 во земјата се зголеми на 119.504 лицa.
Во Бразил дијагностицирани се 43.412 новозаразени, со што вкупниот број на дијагностицирани случаи на коронавирусот порасна на 3.804.803.
Бројот на оздравени лица од овој вирус во земјата изнесува 2.976.796.
Бразил, чие население брои 211 милиони жители, се смета за епицентар на пандемијата во Латинска Америка.
- Мексико -
Според податоците на Министерството за здравство на Мексико, во последните 24 часа од коронавирусот починале уште 552 лица.
Заедно со починатите во последните 24 часа, вкупниот број на смртни случаи во земјата се зголеми на 63.146.
Во Мексико во последното деноноќие откриени се 5.824 нови случаи на Ковид-19, со што вкупниот број на лица позитивни на вирусот во земјата се искачи на 585.738.
Досега во Мексико оздравеа 404.667 лица заразени со Ковид-19.