Fahri Aksüt
29 Август 2020•Ажурирај: 30 Август 2020
МЕЛБУРН (АА) - Здравствените власти во Австралија и Нов Зеланд регистрираат сè поголем број на заразени и смртни случаи од коронавирусот, Ковид-19, јавува Агенција Анадолија (АА).
Потврдените случаи на вирусот во Австралија се искачија на 25.570, со 112 новозаразни во изминатите 24 часа.
Најмалку 18 пациенти ја загубија битката со Ковид-19, со што досега починаа 601 лице, додека бројот на излекувани се зголеми на 20.628.
Нов Зеланд во изминатите 24 часа пријави 13 нови случаи, со што вкупниот број на заразени до почетокот на епидемијата во земјата достигна 1.727, вклучително и 22 смртни случаи и 1.568 оздравени лица.
- Коронавирусот во светски рамки -
Пандемијата на коронавирусот досега во светски рамки однесе скоро 836 000 животи во 188 земји и региони, откога за првпат се појави во Кина минатиот декември. САД, Бразил, Индија и Русија во моментов се најтешко погодени земји.
Во светот досега има над 24 милиони пријавени случаи на Ковид-19, со 16 милиони излекувани, покажуваат податоците на американскиот Универзитет „Џонс Хопкинс“.