свет

Сообраќајна несреќа во Индија: 9 загинати, 10 повредени

- Во индиската држава Мадја Прадеш се случи тешка сообраќајна несреќа откако автобус удри во камион кој бил паркиран покрај патот. Во несреќата животот го загубија 9 лица, а 10 се повредени

Muhammet Nazım Taşçı  | 05.12.2019 - Обновена : 06.12.2019
Сообраќајна несреќа во Индија: 9 загинати, 10 повредени Foto: Arhiva / AA

АНКАРА

Во индиската држава Мадја Прадеш се случи тешка сообраќајна несреќа откако автобус удри во камион кој запрел. Во несреќата животот го загубија 9 лица, а 10 се повредени, јавува Агенција Анадолија (АА).

Според веста што ја објави индиската новинска агенција „Press Trust of India“ (PTI), властите информирале дека во подрачјето Рева, автобус удрил во камион што бил паркиран покрај патот.

Началникот на полицијата, Абид Кан, изјави дека во сообраќајната несреќа животот го загубиле 9 лица, а 10 се повредени.

Повредените се префрлени во болница.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın