Aşkın Kıyağan
05 Декември 2019•Ажурирај: 06 Декември 2019
БРАТИСЛАВА
Министерот за надворешни работи на Република Турција, Мевлут Чавушоглу, ја предупреди Организацијата за европска безбедност и соработка (OSCE) на заканата која ја претставува терористичката организација ФЕТО, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во Братислава се одржува 26. Заседание на министрите за надворешни работи на членките на ОБСЕ на кое Албанија од Словачка ќе ја преземе улогата на едногодишно претседателство.
Шефот на турската дипломатија, Чавушоглу, во обраќањето ги повика членките на ОБСЕ да ѝ помогнат на Албанија која неодамна ја погоди разорен земјотрес.
Истакнувајќи ја важноста на зачувувањето на независноста и суверенитетот на Украина со Крим како нејзина суверена територија, Чавушоглу ја пофали мисијата на ОБСЕ во таа земја и посака успешна работа на нејзиниот нов шеф Халит Чевик.
Тој повика на ревизија на Виенскиот договор и поефикасна контрола на оружјето.
„Особено е важна борбата против сите видови тероризам. Се надевам дека едногласно во министерската декларација ќе биде приоритетно укажано на потребата на заедничкото спротиставување на загрижувачкиот пораст на расизмот и исламофобијата“, изјави Чавушоглу.
Чавушоглу понатаму рече дека Договорот од Хелсинки не дозволува на седниците на ОБСЕ да се појавуваат структури кои спроведуваат тероризам и насилство, но дека таа одредба е занемарлива или селективно применувана.
„Посебно укажувам на тоа дека на Состанокот за спроведување на човечката димензија (HDIM) кој претставува најголемата годишна конференција за човекови права и демократија во Европа во организација на ОБСЕ, присуствувале лица и групи поврзани со терористичката организација ФЕТО. Таа терористичка организација се обидува да го сруши демократскиот систем во Турција и стои зад обидот за воен удар од 2016 година“, порача Чавушоглу.
Тој изјави и дека турската реакција на тоа нема цел за ограничување на учеството на претставниците на цивилното општество на манифестациите на ОБСЕ.
„Ефикасно ОБСЕ на сите ќе им биде од поголема помош во овие бурни времиња“, порача Чавушоглу.