Gözde Bayar
21 Мај 2020•Ажурирај: 22 Мај 2020
ТРИПОЛИ
Либиската армија во текот на изминатите 24 часа изврши пет воздушни операции против милициите лојални на генералот Калифа Хафтар, јавува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на либиската армија, полковник Мухамед Кануну, соопшти дека воздушните напади биле спроведени против милициите на Хафтар во градот Терхуне, југозападно од главниот град Триполи.
„Во операциите се уништени две воени возила и носач на муниција, а армијата спроведе набљудувачки летови над Терхуне“, се додава во соопштението на портпаролот на либиската армија.
Либиската армија вчера во Терхуне уништи руски системи за противвоздушна одбрана „Панцир“.
Терхуне е главна фокусна точка за снабдувачките линии за милицијата на Хафтар од воздушната база „Ал Јуфра“.
Либиската армија во понеделникот повторно ја зазеде воздушната база „Ватија“, која беше окупирана од милициите на Хафтар, и сега се наоѓа под контрола на Владата, откако шест години беше под контрола на пучистичките сили.
Овој потег се случи откако либиската армија уништи три турски системи за противвоздушна одбрана „Панцир“, користени од силите на Хафтар, а снабдени од Обединетите Арапски Емирати.