Şenhan Bolelli
21 Мај 2020•Ажурирај: 21 Мај 2020
МАДРИД
Поради пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19), шпанскиот Парламент даде дозвола за продолжување за уште две недели на вонредната состојба која е воведена на 14 март и требаше да заврши на 24 мај, јавува Агенција Анадолија (АА).
За предлогот на коалициската левичарска Влада за продолжување на вонредната состојба до 7 јуни, од 350 пратеници, 177 гласаа „За“, 162 „Против“, додека 11 пратеници беа воздржани.
Во рамките на превенциите за заштита од Ковид-29, во главната сала во Парламентот биле присутни 46 пратеници, додека останатите правото на глас го искористиле оддома преку дигиталниот систем за гласање.
Шпанија по петти пат ја продолжува вонредната состојба во земјата, но со секој нареден ден коалициската Влада ја губи поддршката, а во исто време се зголемува интензитетот на критики упатени од десноориентираните партии и сепаратистичките каталонски партии.
Премиерот на Шпанија Педро Санчез повика на „единство за победа над коронавирусот“.
Според последните објавени податоци, во Шпанија, од последици предизвикани од Ковид-19 починаа 27.888 лица, додека вкупно 232.555 лица биле позитивни на ПЦР-тестот.