Davut Demircan
21 Мај 2020•Ажурирај: 21 Мај 2020
АНКАРА
Во Бразил се потврдени уште 888 смртни случаи од последиците на Ковид-19, со што вкупниот број на починати поради вирусот во земјата изнесува 18.859, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во текот на изминатите 24 часа се регистрирани 19.954 нови случаи на заразување, со што вкупниот број на заразени изнесува 291.579, според податоците на Министерството за здравство.
Вкупниот број на излекувани пациенти од вирусот изнесува 116.683.
Коронавирусот, официјално познат како Ковид-19, откако за првпат се појави во кинескиот град Вухан изминатиот декември, се рашири во речиси 200 земји и региони. Европа и САД во моментов се најтешко погодени региони.
Пандемијата досега ги зеде животите на над 328 илјади луѓе во светот, над 5 милиони се заразени, додека оздравеле приближно 2 милиони заболени.