Safvan Allahverdi
21 Мај 2020•Ажурирај: 21 Мај 2020
ВАШИНГТОН
Шефот на американската дипломатија, Мајк Помпео, соопшти дека на Русија ќе ѝ донираат 200 респиратори во борбата со новиот тип коронавирус (Ковид-19), јавува Агенција Анадолија (АА).
Министерот Помпео на својот профил на социјалната мрежа Твитер напиша текст во врска со помошта што САД ја прават во рамките на борбата со пандемијата на Ковид-19.
Помпео во својот текст наведува дека САД се „глобален лидер“ во однос на прашањето за донации и помош во борбата со пандемијата, и додаде дека планираат во 60 земји да донираат 15.000 респиратори.
Помпео, наведувајќи дека поддршка ѝ дале и на Русија, во својата објава вели: „САД на рускиот народ ќе му подарат 200 респиратори од американско производство.“
Минатиот месец со воен карго-авион од типот „AN-124“ за САД беше испратена медицинска опрема.
Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, во својата изјава ја истакна благодарноста за поддршката испратена од претседателот на САД, Доналд Трамп, но истакна дека опремата од САД не е донација, туку е купена во рамките на постигнатиот договор.