Enes Canlı
04 Мај 2020•Ажурирај: 05 Мај 2020
АНКАРА
Воздухопловните сили на либиската Армија погодија 7 танкери со гориво испратени за милицијата на Хафтар, лидерот на илегалните вооружени сили на истокот на земјата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на прес-центарот на операцијата „Вулкан на гневот“, што ја води Владата за национално единство, се истакнува дека воздухопловните сили на либиската Армија погодиле 7 танкери со гориво, во регионот Ал Карјат, на околу 400 километри јужно од главниот град Триполи. Танкерите со гориво биле испратени за милициите на Хафтар во градот Терхуне.
Од друга страна, Либиските воздухопловни сили го повторија предупредувањето дека движењето на вооружени возила и танкери без претходна дозвола е забрането во овој регион, кој е прогласен за воена област.
Градот Терхуне се наоѓа на околу 90 километри јужно од Триполи. Милициите на Хафтар го користат при нападите врз главниот град Триполи.
Либиската Влада минатиот месец започна операција за прочистување на Терхуне од милицијата на Хафтар, но потоа последователно го намали интензитетот на операцијата.