Ahmet Furkan Mercan
04 Мај 2020•Ажурирај: 05 Мај 2020
ТОКИО (АА) - Земјотрес со јачина од 5,5 ја погоди јапонската префектура Чиба, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Земјотресот преку соопштение го потврди и Агенцијата за метеорологија на Јапонија.
Во соопштението се нагласува дека епицентарот на земјотресот бил во зоната Хокутобу, која се наоѓа во источниот дел на јапонскиот главен град Токио.
Земјотресот се случил во 22:07 часот според локално време, на длабочина од 50 километри.
Се вели дека земјотресот бил почувствуван и во другите префектури.
Агецијата не даде предупредување за цунами по земјотресот.